Полицијата спречи самоубиство на жена која сакала да скокне од зграда во Охрид

Share Button

Екипа на охридската полиција утрово спречила самоубиство на 41-годишна жена, која сакала да скокне од петтиот кат на зграда во Охрид.

полиција

Како што соопшти СВР Охрид, полициската акција траела околу еден час, во зграда во изградба на крстосницата од улиците Туристичка и Абас Амин, по што жената безбедно била спуштена до приземјето на зградата и предадена на екипа на Итната медицинска помош.

Случајот бил пријавен околу 10.55 часот, од жител на Охрид кој ја забележал жената.

Во акцијата учествувале четворица полицајци. Двајца од нив почнале разговори со охриѓанката, додека, во меѓувреме, двајцата нивни колеги внимателно дошле до жената и ја оттргнале од ивицата на неоградената тераса на петтиот кат од зградата.

За случајот и за полициската интервенција бил известен и јавен обвинител.

уредник

Related Posts

В недела протест на градскиот плоштад во Охрид

Коментарите се исклучени на В недела протест на градскиот плоштад во Охрид

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и повремени врнежи од дожд

Коментарите се исклучени на Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и повремени врнежи од дожд

Две и полгодишно дете почина на Детската клиника

Коментарите се исклучени на Две и полгодишно дете почина на Детската клиника

Неофицијално причината за смртта на двајцата планинари на Кајмакчалан била хипотермија

Коментарите се исклучени на Неофицијално причината за смртта на двајцата планинари на Кајмакчалан била хипотермија

Create Account



Log In Your Account