Од полноќ завршува изборната кампања за првиот круг од локалните избори и почнува изборниот молк

Share Button

Од полноќ завршува изборната кампања за првиот круг од локалните избори и почнува изборниот молк, кога може да се известува за изборите и текот на гласањето, но престануваат сите облици на изборно месиумско преставување, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

– Според изборниот законик за прекршување на изборниот молк ќе се смета емитување било какви информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат на одлуката на избирачите, податоци кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта, се вели во соопштението од АВМУ.

Агенцијата ги потсетува радиодифузерите дека треба да ја прилагодат својата програма веднаш со започнувањето на изборниот молк за да избегнат какво било прекршување на изборниот молк, затоа што, како што посочуваат, согласно изборниот законик единствена мерка е покренување прекршочна постапка пред надлежен суд.

Изборниот молк кој трае до 19 часот на денот на изборите – 15 октомври.

уредник

Related Posts

Вчера отворен ден на АРМ на плоштадот „Македонија“- фотогалерија и видео на новост.мк

Коментарите се исклучени на Вчера отворен ден на АРМ на плоштадот „Македонија“- фотогалерија и видео на новост.мк

Изгор цени во Идризово за “забранетите работи”Бизнисот со мобилни најисплатлив во КПД Идризово

Коментарите се исклучени на Изгор цени во Идризово за “забранетите работи”Бизнисот со мобилни најисплатлив во КПД Идризово

ВО ГЕВГЕЛИСКО УЧИЛИШТЕ ДИРЕКТОР ПЛАТАТА СИ ЈА ЗГОЛЕМИЛ САМ

Коментарите се исклучени на ВО ГЕВГЕЛИСКО УЧИЛИШТЕ ДИРЕКТОР ПЛАТАТА СИ ЈА ЗГОЛЕМИЛ САМ

Aктерот Владо Јовановски по повеќе од два месеца излегува од притворот во Шутка

Коментарите се исклучени на Aктерот Владо Јовановски по повеќе од два месеца излегува од притворот во Шутка

Ременски: Зад протестот стои ОК на ВМРО-ДПМНЕ, ќе поднесам кривична пријава

Коментарите се исклучени на Ременски: Зад протестот стои ОК на ВМРО-ДПМНЕ, ќе поднесам кривична пријава

Create Account



Log In Your Account