По два часа распит, Нинџа си замина од полициската станица Автокоманда

По два часа распит во полициската станица Автокоманда, Александар Василевски – Нинџа е пуштен.

Во изјава за ТВ 24 тој вели дека бил случајно сопрен на улица додека се возел со својот пријател, Блаже Петровски, вработен во Шестата управа и вели дека го претресувале „Алфи“ и му барале лична карта, го проверувале дали има нешто недозволено.

Потоа бил качен во посебно полициско возило, однесен во полициска станица, а што се случило со Петровски не знае.

Како што објави НОВА претходно, Нинџа и Петровски, кој беше суспендиран поради настаните на 27 април во Собрание, беа приведени попладнево и однесени во станицата во Автокоманда.

Петровски носел приватен револвер, наполнет со муниција, што е спротивно на законот. Запрени се со возило Мерцедес кај Основното училиште “Стив Наумов” во Автокоманда. Полицијата му го одзела службеното оружје на Петровски.

Напишете коментар