Пријавил во СВР Битола, Могилчанец со 1000 денари сакал да го придобие да гласа за кандидат за градоначалник

Share Button

На 14.10.2017 година во 21.00 часот во Секторот за внатрешни работи Битола Г.А.(24) пријавил дека на 14.10.2017 година во 20.00 часот во неговиот дом во с. Мусинци Б.Р. од с. Могила му дал 1000 денари со намера да го придобие како да го врши избирачкото право, односно како да гласа за кандидат за градоначалник. Од страна на полициски службеник лицата се повикани, извршен е разговор и од Г.А. со потврда е одземена една банкнота во апоен од 1000 денари. За настанот е информиран јавен обвинител.- информира МВР

Напишете коментар