ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА ТРОШЕЊЕТО ОПШТИНСКИ ПАРИ ГИ КРИЈАТ КАКО ЗМИЈА НОЗЕТЕ

Share Button

Како што змијата ги крие нозете така и некои општини ги кријат информациите за трошењето на општинските пари. Ништо поразлична не е општина Битола

Општината Ресен се повика на Законот за заштита на лични податоци сметајќи дека се работи за документи кои содржат личен подaток чие откривање би значело повреда на правото.
Од Свети Николе пак, одговорија дека документацијата за фактури и сметкопотврди се дава на увид само на релевантни институции, како што се министерство за финансии, финансиска полиција, судови, ревизори…
Со вакви и слични изговори од повеќето општиниски администрации не ги добивме бараните информации. Во Свети Николе и покрај жалбата до Комисијата за овој одговор, надлежните од општината стојат на ставот дека документите не се предвидени со законот.
Општините како Битола, Гази Баба и Виница, одговориja дека побараните информации не се информации од јавен карактер.
Од Битола не кажуваат на што потрошиле милионски суми.

И според ова нема никакви информации, дали ваквиот однос ке продолжи и од страна на новоизгласаните градоначалници останува времето да покаже

Напишете коментар