НАЈНОВО :

Заев најави наставна програма на босански јазик во основните училишта

Share Button

Премиерот Заев најави дека од први септември комплетно ќе биде реализирана наставната програма на босански јазик во основните училишта, која што досега се одвиваше на експериментално ниво.

По билатералната средба помеѓу Заев и претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, премиерот Заев најави дека до наредната учебна година, односно од први септември 2018. година, комплетно ќе биде реализирана наставната програма на босански јазик во основните училишта, која што досега се одвиваше на експериментално ниво.

– Наша цел е веќе од почетокот на идната година да ги усогласиме овие работи, заради тоа што, мислам дека 9 години, ако не и повеќе години е експериментален јазик. Ова е катастрофа. Што експериментираме повеќе од 9 години? Ова мора да заврши, да го дадеме правото. Тоа се нашите дечиња, да си го изучуваат својот мајчин јазик , покрај македонскиот којшто е секако основен јазик во Македонија. Верувам дека такви предрасуди не постојат никаде во било кој партнер во Владата, во парламентарното мнозинство, но и убеден сум дека на вакво прашање и опозицијата ќе даде поддршка, иако не гледам логичност зошто тоа било експериментално – рече Заев.

Претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцговина, Денис Звиздиќ, осврнувајќи се на прашањето на образованието на босански јазик во основните училишта во Република Македонија изрази увереност дека Владата на Република Македонија има желба и капацитет да го реши тоа прашање.

– Сосема сум сигурен дека тоа прашање во потполност ќе се заврши, ние сме подготвени за се она што македонската Влада и ресорното министерство ќе го побараат од нас да во смисла на административниот или стручниот сегмент промптно да реагираме, за да тој процес конечно се финализира, но мислам дека постојат доволно ресурси во самата Македонија. Сметам дека тој процес ќе биде завршен – изјави Звиздиќ.

уредник

Related Posts

Шаќири ја напушта функцијата, вели дека медиумите во Македонија кренале преголема врева за ова назначување

Коментарите се исклучени на Шаќири ја напушта функцијата, вели дека медиумите во Македонија кренале преголема врева за ова назначување

Од април во Скопје ќе почне да сообраќа електричен автобус

Коментарите се исклучени на Од април во Скопје ќе почне да сообраќа електричен автобус

Create Account



Log In Your Account