Започна вакцинацијата во Битола против сезонски грип

Share Button

Од денеска во просториите на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола започна вакцинацијата на населението против грип за сезоната 2017/2018. Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола велат дека во оваа фаза обезбедени се 3.800 вакцини.

Image result for вакцинација

Вакцинацијата се врши секој работен ден (понеделник-петок) од 07:30 – 18:00 часот. Цената на поединачна доза изнесува 400,00 ден.

Вакцината против грип е незадолжителна вакцина и се дава на доброволна база. Против грип е пожелно да се вакцинираат сите луѓе кај кои не постојат пречки (контраиндикации) за вакцинација. Сепак, постојат таканаречени “приоритетни ризични групи”, на кои посебно им се препорачува редовна вакцинација со вакцина против грип секоја година.

Вакцината се употребува за активна имунизација и профилакса на епидемичен грип предизвикан од вируси. Особено се препорачува кај лица со зголемен ризик за заболување од грип и можни компликации од грип.

-Вакцината е за лица со и над 65 годишна возраст, возрасни и деца над 6 месеци со хронични заболувања на белодробниот или кардиоваскуларниот систем, вклучувајќи и деца заболени од астма, возрасни и деца над 6 месеци со намален имунитет, лица на кои им е потребен постојан медицински третман или хоспитализирање заради хронични метаболни болести, цистична фиброза, ренални пореметувања, имуносупресии, но и лекари, медицински сестри, персонал во болница и останати јавни службеници, кои доаѓаат во контакт со лица со зголемен ризик од грип, вели Елизабета Крстева, в.д. директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола..

Вакцинација против сезонски грип не треба да примаат лица алергични на јајца и пилешки протеини, лица со покачена температура или акутна инфекција во моментот на апликацијата на вакцината и лица со акутни влошувања на хронична болест.

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола информираат дека вакцинација против сезонски грип ќе се врши за населението во општините  Новаци, Могила, Кичево, Демир Хисар и Ресен, односно на територијата за која има надлежност овој Центарот.

-За подрачјето на општините Битола, Могила и Новаци обезбедени се 2.600 вакцини, за Кичево – 700 вакцини,  за Демир Хисар – 200 и за општина Ресен – 300 вакцини. Вакцината ги поседува сите потребни сертификати, стручни оценки на квалитет, како и одобрение за пуштање во промет од Бирото за лекови на Република Македонија. Вакцината е со унифицирана цена од 400 денари на целата територија на Република Македонија, истакна Крстева.

уредник

Related Posts

ГРУЕВСКИ: ДОБРО СУМ, НО ‘ФАКТУРАТА’ ЗА ЗДРАВЈЕТО ДОАЃА ПОДОЦНА

Коментарите се исклучени на ГРУЕВСКИ: ДОБРО СУМ, НО ‘ФАКТУРАТА’ ЗА ЗДРАВЈЕТО ДОАЃА ПОДОЦНА

Create Account



Log In Your Account