СДСМ: Нема амнестија за оние кои се обидоа да убиваат пратеници

Share Button

Со барањето амнестија за лицата кои на 27 април извршија или беа помагачи на терористичкото загрозување на уставниот поредок и безбедност, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека токму тие ги нарачале и стојат зад насилствата на крвавиот четврток кога се случи организиран обид за убиство на пратеници, а загрозена беше и безбедноста на новинари и вработени во Собранието, реагираат од СДСМ, по соопштението од опозициската ВМРО ДПМНЕ во кое најавија дека покренува иницијатива за итно и неодложно ослободување и амнестирање на сите лица кои извршиле „одредени законски прекршувања во инцидентите пред и во парламентот на 27 април 2017 година“.

-Колку и ВМРО-ДПМНЕ да се обидува да ги спаси своите извршители од одговорност за крвавиот четврток, не смее да има амнестија за оние кои учествуваа или помогнаа во обидот да се убијат пратеници. Во Македонија, како и во секоја демократска земја не може да има амнестија за тешки кривични дела како обид за убиство, терористичко загрозување и дела против државата и уставниот поредок, се вели во соопштението од СДСМ.

Од владејачката партија нагласуваат дека предлог законот за амнестија не предвидува ослободување на лица што сториле кривични дела против државата и кривични дела злосторничко здружување.

уредник

Related Posts

Лажна пријава дека има поставена бомба во скопски бар

Коментарите се исклучени на Лажна пријава дека има поставена бомба во скопски бар

ФОТО: Гори депонијата „Мегленци“, можни се огромни штети

Коментарите се исклучени на ФОТО: Гори депонијата „Мегленци“, можни се огромни штети

МВР ги информира јавноста и возачите за законските измени за управување со моторни возила

Коментарите се исклучени на МВР ги информира јавноста и возачите за законските измени за управување со моторни возила

Савески: Шарената револуција е предадена откако многу нејзини активисти седнаа во владините фотелји

Коментарите се исклучени на Савески: Шарената револуција е предадена откако многу нејзини активисти седнаа во владините фотелји

ВМРО-ДПМНЕ нема да одат на координација со Џафери, ќе му достават писмени барања

Коментарите се исклучени на ВМРО-ДПМНЕ нема да одат на координација со Џафери, ќе му достават писмени барања

Create Account



Log In Your Account