ТВ МЕГА:Само едно дете згрижено во втора смена во градинките во Битола

Share Button

Двосменско работење на градинките во Битола нема. Причина за тоа е што нема деца кои по 14 часот имаат потреба од згрижување во детските установи. Месец и половина откако беше овозможено да се работи во смени, интересот кај родителите, децата да им одат втора смена, е многу мал. Па така овој период само едно дете посетувало градинка во втора смена во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, а Јавната установа „Мајски цвет“ од Битола воопшто не почна со двосменско работење.

Вработените во градинките велат дека и покрај големиот интерес на родителите пред стартот на учебната година за воведување втора смена која ќе функционира од 14 часот до 21 часот и 30 минути, сепак интерес за истата сега нема. И тоа едно дете кое било пријавено, сега го нема бидејќи родителите не сакале нивното дете да седи само во занималната. Причина за тоа, тврдат вработените е што родителите не сакаат децата да ги носат во одредена градинка која беше одбрана за да работи двосменски.

Сите сакаат тоа да го прават во својата матична градинка, но место и услови за тоа се уште нема. Потребни се нови простории и персонал за да втората смена функционира во сите градинки, велат вработените во детските градинки. На градинките им беше оставена можност сами да го организираат двосменското работење согласно потребите на родителите откако беше донесена одлуката за ваквото работење.

Во втора смена, од вкупно 65 јавни установи за деца во 54 општини, 13 детски градинки во 9 општини почнаа со двосменско работење и притоа згрижуваат вкупно 189 деца.

Во Битола во две смени требаше да работи градинката „Вангел Мајорот“ која се наоѓа во населбата Карпош. Одложување на оваа мерка на владата затоа што нема доволно капацитет и кадар во предучилишните установи,тогаш побараа од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура. Од СОНК тврдеа дека одлуката е избрзана, без соодветни подлабоки анализи.

Во Македонија, според евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика, во градинка одат вкупно 33.826 деца. Од нив во втора смена одат само 189 деца, што е само 0,6 отсто од вкупниот број.

Извор Мега тв Битола

уредник

Related Posts

Во 13 часот нов голем скандал за криминалот на власта, најави Мицкоски

Коментарите се исклучени на Во 13 часот нов голем скандал за криминалот на власта, најави Мицкоски

Денеска протест и против извршителите

Коментарите се исклучени на Денеска протест и против извршителите

Create Account



Log In Your Account