Масовна тепачка на Бит Пазар, навивачи на Вардар уништуваат се пред себе

Пред неколку моменти во близина на Бит Пазар, толпа навивачи на Вардар предизвикаа масовна тепачка и нереди уништувајќи се пред себе.

Инцидентот следува по поразот 6-0 за Вардар, по што навивачите започнале да каменуваат автобуси и да напаѓаат случајни минувачи.

Бројот на повредени е се уште непознат.

Алсат дознава дека специјалните единици брзо реагирале за смирување на ситуацијата.

“Околу 21,00 час. пријавено е дека на бул.Крсте Мисирков на постојката кај 26-ти Јули во автобус на ЈСП бр. 50 од страна на повеќе лица бил нарушен јавниот ред и мир и притоа биле нападнати и патниците кои биле внатре во автобусот. Нарушувањето започнало на горниот кат од автобусот каде што настанала тепачка, која потоа продолжила и на долниот кат од автобусот. Едно од лицата учесник во тепачката го фатил воланот на возачот и предизвикал сообраќајка односно автобусот удрил во приватен автобус бр.20. Откако биле отворени вратите од автобусот, лицата продолжиле со тепачката на самата постојка, но по пристигнувањето на полициските службеници лицата се разбегале во различни правци. Повредени се три лица кои со возила на итна медицинска помош се префрлени во Ургентен центар. За сега е приведено едно лице Р. Б. и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сите учесници во насилството”, се вели во сопштнието на МВР.

 

Напишете коментар