Од понеделник заладување со врнежи од дожд, на планините снег

Share Button

Под влијание на влажен и студен воздушен бран од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, повремено пообилни. Од ноќта кон вторник ќе почне да дува повремено засилен северен ветер, врнежите ќе продолжат и во текот на следниот ден, а на југоисток ќе има услови за локална појава на грмежи.

Како што информира Управата за хидро-метеоролошки работи, дневната температура значително ќе се намали, особено во вторник, кога ќе изнесува до 15 степени.

На повисоките планини на север се очекува врнежите да поминуваат во снег. Во ноќта среда кон четврток врнежите ќе се преместат на југоистокот и ќе престануваат.

Вкупните врнежи од овој влажен и студен воздушен бран наместа ќе надминуваат 40 литри на метар квадратен, а брзината на северниот ветер, кој особено ќе засилува во вторник, повремено ќе е и над 60 километри на час.

уредник

Related Posts

Некаде “горна” Битола…

Коментарите се исклучени на Некаде “горна” Битола…

Да му помогнеме на 15-месечното девојче од Македонија кое мора да се оперира во Кина

Коментарите се исклучени на Да му помогнеме на 15-месечното девојче од Македонија кое мора да се оперира во Кина

Насер Селмани од пред Владата со пораки:Бидете будни. Еден режим што испративме, нема да дозволиме да се воспостави нов

Коментарите се исклучени на Насер Селмани од пред Владата со пораки:Бидете будни. Еден режим што испративме, нема да дозволиме да се воспостави нов

Кривична пријава и притвор за советникот на градоначалникот на Шуто Оризари

Коментарите се исклучени на Кривична пријава и притвор за советникот на градоначалникот на Шуто Оризари

Create Account



Log In Your Account