Од понеделник примо-предавање на градоначалничките функции

Share Button

Во текот на наредната недела новоизбраните градоначалници во општините треба да ја преземат функцијата. Тоа досега го направи  само новиот градоначалник на Пехчево од редовите на СДСМ, Драган Тренчовски, а од понеделник тоа треба да го направат уште 40 кандидати избрани во првиот круг од локалните избори 2017.

Деновиве се изготвуваат решенија за доделување на мандатите и во најголемиот дел од општините од понеделник ќе организираат примопредавање на функциите.

Меѓутоа, за примопредавање на локалната власт ќе почекаат четворица од кандидатите кои беа избрани во првиот круг бидејќи за тие општини партиите имаат поднесено приговори, па ќе мора да почекаат до изготвување на решенијата. ОИК ќе причекаат да завршат роковите за разгледување на приговорите и поднесување евентуални тужби до Управен суд. Откако ќе одлучи ДИК, партиите имаат рок од 24 часа од приемот на решението да поднесат тужба до Управен суд.

Меѓу четворицата избрани кандидати во првиот круг за чии општини се поднесени приговори и ќе почекаат да завршат роковите за приговори и жалби за да ја преземат власта, се новите градоначалници за Град Скопје – Петре Шилегов, Општина Центар – Саша Богдановиќ, Прилеп – Илија Јовановски и за Радовиш – Герасим Конзулов. Сите беа кандидати од редовите на СДСМ.

Оние кои до крајот на наредната недела треба ја преземат функцијата се:

Златко Марин – Аеродром
Меликије Халими – Арачиново
Звонко Пекевски – Берово
Наташа Петровска – Битола
Блаже Шопов – Богданци
Зоран Зимбаков – Босилево
Перо Костатадинов – Валандово
Марјан Јанев – Василево
Сашо Јанкоски – Вевчани
Аце Коцевски – Велес
Сашо Поцков – Гевгелија
Зоран Ногачески – Дебарца
Горан Трајковски – Делчево
Марјанче Стојановски – Демир Хисар
Анго Ангов – Дојран
Александар Наумовски – Ѓорче Петров
Борче Гиевски – Зелениково
Жика Стојановски – Илинден
Стефан Богоев – Карпош
Фатмир Дехари – Кичево
Благој Илиев – Конче
Николчо Илијев – Кочани
Љупчо Бојаџиев – Кратово
Борјанчо Мицевски – Крива Паланка
Томе Христоски – Крушево
Максим Димитриевски – Куманово
Ацо Велковски – Лозово
Медат Куртовски – Маврово и Ростуше
Тони Делков – Неготино
Боро Стојчев – Ново Село
Јован Стојаноски – Охрид
Борче Митевски – Петровец
Исмаил Јахоски – Пласница
Ивица Тошевски – Ранковце
Живко Гошаревски – Ресен
Сашо Велковски – Свети Николе
Стефче Трпковски – Сопиште
Коста Јаневски – Струмица
Аријан Ибраими – Центар Жупа
Јован Пејковски – Чучев Сандево.

Четворица од оваа листа беа градоначалници од порано и добија нов мандат, станува збор за трите општини во кои победија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ (Илинден, Петровец, Сопиште) и независниот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ во Чучер Сандево.

Напишете коментар