Четворицата обвинети го признаа грабежот во „НЛБ“, но не открија каде се парите

Share Button

Четворицата обвинети за милионскиот грабеж во банката „НЛБ“, на денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1, го признале кривичното дело, но не откриле што сторител со украдените пари, соопшти Јавното обвинителство.

NLB novo logo

„Тие се изјаснија за виновни дека со умисла и во повеќе временски поврзани дејствија, искористувајќи ја својата работна позиција и познавање на процесите на работата во банката, противправно присвоиле парични средства во значителен износ од 400.000 швајцарски франци и 375.000 евра. На 10.04 2017 извршиле кражба и на 2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра. Иако ги признале во целост наводите од Обвинителниот акт, обвинетите не откриле што сториле со украдените парични средства“, стои во соопштението.

По признавањето на вината, судијата закажал рочиште на 27 октомври, на кое ќе бидат изнесени завршните зборови.

За кривичните дела, тешка кражба и затајување, за кое се товарат обвинетите, предвидена е затворска казна од три месеци до 10 години, односно од една до 10 години.

Надлежниот обвинител, кој го води предметот до судот доставил и обвинителен предлог против други четири лица, на кои како одговорни лица во банката „несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности“ и со тоа ја овозможиле кражбата на големата сума на пари. Тие се товарат за кривичното дело несовесно работење во службата.

Постапката против овие четири лица продолжува одвоено.

Напишете коментар