НАЈНОВО :

Прилепчанец врзал и влечел мртво куче со автомобил

Share Button

ПРИЛЕП: Монструми живеат меѓу нас, нема крај на изживувањата врз животните во Македонија! Информирани сме за нов шокантен случај на измачување на животно и негово убивање од страна на лице кое управува возило марка ,,Фолцфаген “со прилепска регистрација рег.ознака PP-199-CI -реагира Анима Мунди.

,,Помогнете ни со дополнителни податоци доколку знаете нешто повеќе! Го комплетираме случајот и против садистот ќе биде поднесена кривична и прекршочна пријава – вакви психолошки девијантни лица инсистираме да добијат најстрога казна и одговараат без можност за олеснителни казнени мерки. Да одговараат за ѕверството кое го сториле и кое ќе го повторат пак доколку не се интервенира на време! Бараме создавање на законска можност за овластување на здруженијата за заштита на животните во служба за превенција/евиденција/санкција на насилството врз животните бидејќи до сега се востанови дека здруженијата де факто се основен носител на таа дејност во Македонија со што помагаме во детектирање/надминување на насилството во национални рамки. Повеќе од очигледен е фактот дека насилството врз животните е декаден срам и обележје на Република Македонија кое за жал е видливо само за активистите и љубителите на животни. Бараме за насилниците најстрога казна затвор!“-Анима Мунди.

уредник

Related Posts

Пратеничката, која со автомобил удри во одрон, е надвор од животна опасност

Коментарите се исклучени на Пратеничката, која со автомобил удри во одрон, е надвор од животна опасност

На местото на Ќосето пристигнува Дрво на човекови права!

Коментарите се исклучени на На местото на Ќосето пристигнува Дрво на човекови права!

Create Account



Log In Your Account