Oсветена црквата во која почиваат двајца архиепископи на МПЦ

Share Button

Време е да се вратиме на вредностите што го одржале нашиот народ низ вековите, на вредностите кои поврзуваат а не разделуваат – порача денеска поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, г. Стефан на осветувањето на црквата Св. Наум Охридски во населбата Радишани.

Правете им го на другите тоа што сакате тие вам да го прават за Вас бидејќи тоа е совршениот начин за однесување на секој човек во општеството, додава архиепископот охридски и македонски.

Осветувањето на црквата во Радишани почна синоќа со вечерна богослужба.. Централната божествена литургија за осветување на храмот утринава ја водеше поглаварот на МПЦ во сослужение со владиците на повардарската, преспанско-пелагониската, полошката епархија.

Чинот на осветување на црквата Св Наум Охридски го следеа и огромен број на жители од населбата Радишани но и од останатите градови во државата.

Изградбата на црквата во Радишани е почната пред повеќе од 50 години.. Објектот е осветен во 90-тата, а одтогаш се работи на уредување на внатрешноста.

Освен храмот, со обновата се реконструирани манастирските конаци но и новата трпезарија..

Црквата Св Наум Охридски овде во Радишани е подигната врз манастирската црква која датира од 1936 година.. Овој храм е вечно почивалиште на претходните архиереи на Македонската православна црква Гаврил и Михаил..

Инаку осветувањето на црквата е во рамки на одбележувањето на 50 годишнината од возобновувањето на афтокефалноста на Охридската архиепископија како Македонска православна црква.

уредник

Related Posts

Утре на Велики Петок, изведување на Светата Плаштаница низ Широк Сокак и оплакувањето Христово

Коментарите се исклучени на Утре на Велики Петок, изведување на Светата Плаштаница низ Широк Сокак и оплакувањето Христово

Денес е Пренос на моштите на Свети Јован Златоуст

Коментарите се исклучени на Денес е Пренос на моштите на Свети Јован Златоуст

Утре се празнува големиот празник Ѓурѓовден, Свети великомаченик Георгиј

Коментарите се исклучени на Утре се празнува големиот празник Ѓурѓовден, Свети великомаченик Георгиј

Свети Јован Богослов – Свечена Слава и богослужба на манастирот кај Германски гробишта во Битола

Коментарите се исклучени на Свети Јован Богослов – Свечена Слава и богослужба на манастирот кај Германски гробишта во Битола

Мироточеa моштите на Свети Кипријан на неговиот празник

Коментарите се исклучени на Мироточеa моштите на Свети Кипријан на неговиот празник

Create Account



Log In Your Account