Млада битолчанка загина во сообраќајка

Share Button

Осумнаесетгодишната битолчанка К.Ј. го загуби животот, а сопатничката М.К.О. е пренесена во битолската Клиничка болница по денешната тешка сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот патен правец Битола-Прилеп.

Лефтерија Миленковска, портпарол на СВР-Битола информира дека сообраќајката се случила претпладнево во 11:25 часот во непосредна близина на селото Тополчани кога патничко моторно возило со битолски регистарски таблици „Фиат Брава“ излетало од патот.

– Во возилото биле две женски лица. Возилото било управувано од М.К.О. која по несреќата е пренесена во Битолската клиничка болница, додека нејзината сопатничка К.Ј. (18 г.) починала на местото на несреќата. Увидот на полициски служби од Полициската станица-Прилеп е во тек, а заедно со нив увид врши и јавен обвинител, потврди Миленковска. 

Поради сообраќајката, сообраќајот на магистралниот пат Прилеп-Битола кај с.Тополчани од 11:30 часот се пренасочува по стариот пат,  информира АМСМ. На правецот Битола-Прилеп, пак, сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Детали за сообраќајката не се соопштени.

уредник

Related Posts

Прилепчанката која 6 месеци се водеше за исчезната, вчера пронајдена во Скопје

Коментарите се исклучени на Прилепчанката која 6 месеци се водеше за исчезната, вчера пронајдена во Скопје

Полицаец во цивил сакал да постави знаме на јарбол во Битола, колегите го привеле

Коментарите се исклучени на Полицаец во цивил сакал да постави знаме на јарбол во Битола, колегите го привеле

Битолчанец (37) пронајден мртов на улица, ќе има обдукција

Коментарите се исклучени на Битолчанец (37) пронајден мртов на улица, ќе има обдукција

Create Account



Log In Your Account