Мудроста на Моника Белучи…

Share Button

Времето сè уништува. Прво имате црвено јаболко, после некое време тоа ќе се распадне и ќе го нападнат црви. Исто е и со луѓето.


Умните жени се нешто неверојатно, тие се многу поинтересни од сите мажи на овој свет.

Кога работев како модел никогаш не почуствував дека со мене се однесуваат како со предмет.

Адвокатите се одлични актери. Тие мора да глумат секојдневно. Некоја голема разлика помеѓу судница и сцена, верувајте нема.


Ричард Бартон велеше: Актерката е повеќе од жена, а актерот е помалку маж.

Денес филмовите се снимаат за тинејџери.

Многу е здодевно постојано и постојано да се „влечеш“ во Кан.


Без Сицилија италијанскиот филм не би постоел. Најубавите приказни, поезија, насилство … сè доаѓа од Сицилија.

Јас тагувам само кога се случува нешто тажно. Не сум меланхолик.

Пред извесно време ќерка ми ми вели: „Мамо јас сакам да сум како тебе. Не сакам да работам. Сакам да сум мајка. Кога ќе пораснам ќе работи мојата ќерка“. Тоа е прекрасно, мојата ќерка мисли дека јас не работам.

Почитувам тајни. Тие ги чуваат само возрасни луѓе.

Никогаш не би посакала да имам повторно дваесет години. Сега сум многу посреќна. Ние преку нашата возраст созреваме, се обидуваме да се разбереме самите себеси, да научиме да сакаме што навистина сакаме, да ја научиме нашата несигурност. Сега точно знам што ми е потребно, а без што можам да живеам.


Нам никогаш ништо не ни припаѓа, ниту маж ниту деца. Може само да ја поделиме нашата љубов со оние кои ги сакаме.

Жената може да сака така како никогаш да не заминува. Но, може да дојде и таков ден кога ќе си оди како никогаш да не сакала.

За мене да бидеш постара значи да бидеш подобра.

Не треба да ги мразиш луѓето кои ти завидуваат, со тоа признаваат дека си подобра.

Убавината е многу повеќе експресивна и интересна кога е покриена со облека.

фотографии извор:Vogue,Getty images,Elle

Напишете коментар