Како да се заштитите од настинки:8 НАРОДНИ РЕЦЕПТИ ОД РАЗЛИЧНИТЕ КУЛТУРИ

Share Button

Ако сте подложни на грип и настинки, природата има многу да ви понуди. Различните култури со години барале лекови во нивното опкружување, а имале и доста време за проби и грешки во истражувањето. Овие природни состојки се докажани лекови кои во никој случај не се лоши за човечкото здравје, за разлика од фармацевтските продукти.

post cover photo

Куркума

Ајурведа е систем на традиционална индиска медицина кој се користи повеќе од 3.000 години. Куркумата е основната состојка во овој систем. Коренот се користи за лечење на повеќе болести како: настинка, главоболка и бронхитис.

Млекото од куркума е многу популарен медицински пијалак кој се бори со кашлицата и настинките. За овој магичен пијалак ви е потребен прав од куркума, иако најдобро е да се користи свеж корен од куркума. Ако сте настинати напијте се една чаша млеко од куркума пред да заспиете, затоа што помага да се смири кашлицата.

Состојки

  • 200ml млеко
  • куркума
  • шеќер или мед по вкус
  • црн бибер

Начин на подготовка

Ставете го млекото и куркумата во сад за варење. Откако ќе се свари, поклопете го садот, исклучете ја топлината и оставете да се олади неколку минути. Ова ќе ги извлече есенцијалните лекови и бојата од куркумата. После неколку минути, ставете го млекото во чаша и додадете шеќер/мед и црн бибер. Млекото е најдобро да се пие додека е уште топло.

Репка

Репката се користи многу во иранската кујна и делува како средство за искашлување.

Состојки

  • 1 голема репка, излупена и насечкана
  • 3 компири, излупени и насечкани
  • ¼ шолја млеко
  • 3 лажички путер
  • 1 лажичка шеќер
  • ¾ лажичка сол

Начин на подготовка

Загрејте ја рерната на 190◦C. Ставете ги репката и компирите во голем сад со доволно вода и ставете ги да се варат. Откако ќе се сварат оставете 25 до 30 минути да омекнат. Тргнете ги од оган и истурете ја водата. На компирите и репката додадете им млеко, 2 лажички путер и шеќер. Промешајте додека не се соедини смесата. Преместете ја смесата во мал сад за печење. Додајте го остатокот од путерот. Поклопете и печете 15 минути во рерна. Тргнете го капакот и оставете да се испече уште 8 минути додека не се вцрвени.

Лук

Мексиканците и шпанците тврдат дека чајот од лук е супер за настинки. Лукот си го носи лошиот здив, но сепак е докажано дека содржи антибактериски својства. Чајот од лук, лимон и мед е совршен за оваа сезона.

Состојки

  • 3 шолји вода
  • 3 чешничиња лук
  • 1/2 шолја мед
  • 1/2 шолја лимонов сок

Начин на подготовка

Во голем сад ставете 3 шолји вода и 3 чешничиња лук исечени на половина да се варат. Исклучете го оганот кога ќе се зоврие водата, додајте ½ шолја мед и ½ шолја свеж лимонов џус. Оставете да се олади и пијте по половина шолја три пати на ден. Остатокот ставете го во фрижидер за наредниот ден.

Масло од оригано

Маслото од оригано потекнува од грчката медицина, уште од времето на Хипокрит кој го користел за инфекции на дишните патишта. Маслото се користи како лек за суво грло. Иако не е многу вкусно, ефектите се изненадувачки. Маслото од оригано можете да го купите, или да направите дома ако имате свеж магдонос.

Состојки

  • 1/2 шолја оригано
  • 1/2 шолја маслиново масло

Начин на подготовка

Измијте го и исушете го ориганото и ставете го во пластична кеса за замрзнување, а кесата покријте ја со кујнска крпа. Со чекан за месо исчукајте ја кесата за ориганото да пушти масло.

Загревајте го маслиновото масло додека не се стопли без да го загреете премногу. Додајте го маслото во кесата со оригано и притискајте ја смесата минута или две. Потоа ставете ја смесата во чиста тегла и оставете да отстои 2 недели.

По 2 недели, процедете го ориганото од маслото.

Ѓумбир

Ѓумбирот е познат како универзален лек за се, а има и когнитивна функција. Се користи во традиционалната кинеска медицина повеќе од 2.000 години, а ја подобрува циркулацијата. Пробајте го овој чај од ѓумбиров корен и портокал.

Состојки

  • 2 лажички мелен и исушен ѓумбиров корен
  • 3 лажички мелени и исушени кори од портокал
  • 4 лажички мелени и исушени листови од ментол
  • 12 празни филтери за кафе кои ќе се исечат и ќе послужат како ќесички за чај

Начин на подготовка

Измешајте го коренот од ѓумбир, корите од портокал и листовите од ментол во мал сад. Ќесичките за чај наполнете ги со по 2 лажички од смесата и оставете ги на ладно и суво место додека не ги користите. Со овој рецепт ќе направите 12 ќесички за чај.

Кромид

Секој го знае ефектот на сетилата од сецкањето кромид.  Јапонците го користат кромидот да ги исчистат синусите. Хемиската состојка во кромидот која се вика кверцетин и е превентива против воспаленија и затнат нос.

Состојки

  • 1/4 кромид
  • ѓумбир во прав

Начин на подготовка

Исечкајте четвртина кромид и малку ѓумбир. Измешајте и ставете ги во шолја со топла вода со една лажичка мед.

Рум

Румот и кафениот шеќер звучат како вкусна алтернатива. Можеби нема да го отстрани вирусот, но мала количина на алкохол може да направи да се чувствувате поудобно за време на настинката. Алкохолот ги шири крвните садови, притоа помагајќи на слузницата да се справи со инфекциите.

Состојки

  • 50ml рум
  • 20ml свеж сок од лимета
  • 1 лажичка кафен шеќер
  • 100ml топла вода

Начин на подготовка

Измешајте го румот, сокот од лајм, кафениот шеќер и топлата вода во шолја. На крај додадете стапче цимет и кора од портокал.

Бозел

Швајцарскиот алхемичар и физичар Паракелсус уште во 15-от век знаел за придобивките од бозелот. Се користи за настинки и проблем со синусите. Овој сируп од цветови од бозел, лимон и шеќер е супер алтернатива како замена за фармацевтските сирупи.

Состојки

  • 4 шолји вода
  • 4 лажички шеќер
  • сок од 2 исцедени лимони
  • кора од 2 лимони
  • 1 лажичка цитрусна киселина
  • околу 2 шолји цветови од бозел

Начин на подготовка

Отстранете ги дршките од цветовите колку што можете. Цветовите ставете ги во голем сад, а лимонот излупете го и додадете го во садот заедно со џусот од лимон и цитрусната киселина. Водата и шеќерот ставете ги во сад и ставете ги да се варат, промешувајќи од време на време за да се соедини смесата.  Покријте го садот со крпа и оставете да постои 2-4 дена. После 2-4 дена префрлете го сирупот во тегла и ставете го во фрижидер. Овој сируп се користи така што ќе ставите 1-3 лажички во чаша со вода, водка, џин, или шампањ.

уредник

Related Posts

Петиција против законот за јазици

Коментарите се исклучени на Петиција против законот за јазици

ГДУ БИТОЛА: БУКЕТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НАТАША ПЕТРОВСКА ,ЗАСАДЕН ВО ДУПКА НА УЛИЦА

Коментарите се исклучени на ГДУ БИТОЛА: БУКЕТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НАТАША ПЕТРОВСКА ,ЗАСАДЕН ВО ДУПКА НА УЛИЦА

Забрана за тешки товарни возила од 18.40 ч. на планинскиот премин Буково

Коментарите се исклучени на Забрана за тешки товарни возила од 18.40 ч. на планинскиот премин Буково

Create Account



Log In Your Account