Беше баран со потерница, Алфите го чекаа во заседа во Долно Свиларе и го уапсија

Share Button

Вчера од полициски службеници од единицата “алфа“, било пријавено дека околу 20.45 часот на влез во с.Долно Свиларе-Скопје забележале возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ш.Л.(36) од истото село (за кого имало централна потерница), при што полициските службеници вклучиле светлосни уреди со цел да го запрат. Ш.Л. иако најпрво застанал, повторно го стартувал возилото движејќи се наназад и удрил во возило (сопственост на МВР на РМ) кое било паркирано зад него.

Полициските службеници биле надвор од возилото и не се повредени.

Ш.Л. е приведен во Полициска станица -Ѓорче Петров за понатамошна постапка.

Напишете коментар