Повеќе од илјада лица со бактериска инфекција побарале помош на инфективното одделение во Гостивар

Share Button

Повеќе од над  илјада лица со зголемена температура, малаксаност и стомачни тегоби изминатите четири дена побарале медицинска помош на инфективното одделение во Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.

Зголемниот обем на работа ги исполнил капацитетите на инфективното одделение, а болничката управа решила да ги користи капацитетите од другите одделенија.

– Последниве две недели кај нас е евидентен зголемениот број на пациенти кои имаа слична клиничка слика и симптоми на повраќање, пролив, малаксаност и зголемена температура. Изминативе три дена денови, помош на нашето одделение побарале и по 150 пациенти дневно. Од крвните анализи добиваме резултати дека станува збор за бактериска инфекција. Денес состојбата е помирна и бројот на пациенти е намален, но сепак имаме зголемен обем на работа, истакна д-р Ратко Наумоски, инфектолог во одделението.

Тој потврди дека поголемиот дел од пациентите по добиената терапија се чувствуваат подобро и не се враќаат на дополнителен третман. Засега немало пациент со потешка клиничка слика.

Од гостиварското одделение на Центарот за јавно здравје, потврдуваат дека кај нив е пријавено зголемување на бројот на пациенти и дека во тек се дополнителни испитувања кои би дале одговор за ваквата состојба.

– Ние сме во тек и ги анализраме состојбите со ентероколитите во гостиварскиот регион. Земени се и анализрани се примероци од водата за пиење од градскиот водовод, но засега нема микробилошко загадување. Хлорирањето е редовно. Правиме дополнителни проверки за да утврдиме што ја предизвика оваа појава, вели д-р Берун Мустафа специјалист за хигиена од Центарот за јавно здравје.

Над илјада лица со бактериска инфекција побарале помош на инфективното одделение во Гостивар

Од болничката управа посочуваат дека се мобилизирале да се надмине состојбата со недостиг од болнички кревети во инфективното одделение. За оваа потреба, пациентите се примаат на детското, гинеколошкото и интерното одделение.

 

 

уредник

Related Posts

Горивата поевтинуваат за 2,5 денари по литар

Коментарите се исклучени на Горивата поевтинуваат за 2,5 денари по литар

Владика Петар: Бев приведен и испрашуван на aеродром, но ми се извинија

Коментарите се исклучени на Владика Петар: Бев приведен и испрашуван на aеродром, но ми се извинија

Видео: Поплавено шеталиштето и кафулиња во Охрид

Коментарите се исклучени на Видео: Поплавено шеталиштето и кафулиња во Охрид

Некаде “горна” Битола…

Коментарите се исклучени на Некаде “горна” Битола…

Create Account



Log In Your Account