По една година ОЈО ги расветлува насилствата од студентските избори

Share Button

Основното јавно обвинителство повикува сведоци во врска со инцидентите за време на студентските избори лани.

Дека е повикана како сведок, потврди сега пратеничката Ивана Туфегџиќ која тогаш беше дел од Студентскиот пленум. Кривичната пријава ја поднесе Хелсиншкиот комитет за човекови права против службени и раководни лица во МВР на чие чело тогаш беше Митко Чавков, со објаснување дека припадници на ЕБР ги тепаше и спречуваше студентите да протестираат.

Изборите за претседател на Студентскиот парламент се одржаа лани во јуни во тензична атмосфера помеѓу раководството на телото задолжено за спроведување на изборите и Студентскиот пленум.

Настаните кулминираа по завршувањето на гласањето кога организаторите заедно со претседателот на СПУКИМ Кирил Спировски се заклучија во просториите на универзитетот и ги пребројуваа гласовите, а пленумците протестираа пред зградата и бараа поништување на изборите. Тогаш униформирани полициски службеници упаднаа и го попречија влезот.

Михајло Видимлиски

уредник

Related Posts

Повозрасен битолчанец синоќа си исчисти пред својата куќа – ѓубрето го остави кај Драгорот а контејнерите празни

Коментарите се исклучени на Повозрасен битолчанец синоќа си исчисти пред својата куќа – ѓубрето го остави кај Драгорот а контејнерите празни

Create Account



Log In Your Account