МЗ: Уште 60 лица побарале лекарска помош во Гостивар

Share Button

Bо текот на ноќта во Општата болница во Гостивар, лекарска помош побарале уште 60 лица со симптоми на дијареја и изнемоштеност. Од епидемиолошките и другите спроведени мерки, со сигурност може да се констатира дека не постои поврзаност за консумирање храна од еден ист објект, соопшти Министерството за здравство.

Од Центарот за јавно здравје – Гостивар и Државниот санитарен и здравствен инспекторат се на терен и ја следат состојбата.

Во тек е обработка на податоци по што надлежните институции ќе излезат со соопштение. Од податоците и информациите кои ќе ги добијат од подрачниот ЦЈЗ, доколку има потреба ДСЗИ ќе издаде решение со конкретни мерки, стои во соопштението.

Во изминатите четири дена над илјада лица со зголемена температура, малаксаност и стомачни тегоби побарале медицинска помош на инфективното одделение во Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account