10 години затвор бара обвинителството за грабежот во НЛБ

Share Button

Основното јавно обвинителство Скопје, во завршните зборови за милионскиот грабеж во НЛБ, денеска побара од судот на обвинетите да им одреди највисока казна, која според Кривичниот законик изнесува 10 години затвор.

obvinitelstvo11

Четворицата обвинети, Бобан Смилевски, неговиот брат Горан Смилевски, Борис Мичевски и Мирослав Каевски, на претходното рочиште ја признаа вината, но не открија каде се парите и што сториле со нив. Денеска и тие треба да дадат завршни зборови.

Обвинителството бара највисока казна за првообвинетиот Бобан Смилевски бидејќи ја искористил довербата во банката и ги убедил другите да ги уништат доказите по кражбата, додека за неговиот брат, Горан Смилевски, се бара идентична казна бидејќи откако ги примил парите, го фрлил телефонот и не открива каде се парите.

Единствена олеснителна околност, која може да влијае на намалување на казната, според Обвинителството, би било тоа што обвинетите претходно немале сторено кривични дела.

Адвокатите на обвинетите, пак, бараат поблаги казни бидејќи нивните клиенти ја признале вината и биле угледни луѓе во општеството, односно Горан Смилевски е претседател на Синдикатот на вработените во Народна банка, поради што, според неговиот адвокат, уживал висок општествен углед и добивал признанија и високи оценки за неговата работа.

Според обвинителниот акт, обвинетите, искористувајќи ја својата работна позиција и познавањето на процесите на работа во банката, првин украле 400.000 швајцарски франци и 375.000 евра, а потоа украле уште 2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра.

Надлежниот обвинител, кој го води предметот, поднесе обвинителен предлог против други четири лица, кои како одговорни лица во банката „несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности“ и со тоа ја овозможиле кражбата на големата сума пари. Тие се товарат за несовесно работење во службата. Постапката против овие четири лица продолжува одвоено.

уредник

Related Posts

Државното знаме се вее денеска на јарболот кај Спортската сала во Битола(фото)

Коментарите се исклучени на Државното знаме се вее денеска на јарболот кај Спортската сала во Битола(фото)

Владика Петар: Бев приведен и испрашуван на aеродром, но ми се извинија

Коментарите се исклучени на Владика Петар: Бев приведен и испрашуван на aеродром, но ми се извинија

Протест пред Собрание поради законот за јазиците и силно полициско обезбедување

Коментарите се исклучени на Протест пред Собрание поради законот за јазиците и силно полициско обезбедување

Двор е кај Клиничка болница Битола …неуреден и нечист (фото)

Коментарите се исклучени на Двор е кај Клиничка болница Битола …неуреден и нечист (фото)

Create Account



Log In Your Account