Малолетници краделе скутери во Битола

Share Button

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе извештај до надлежното OJO против шест малолетни лица, од кои две на возраст од 17 години, две на возраст од 13 години, како и две лица од 15, односно 16-годишна возраст – поради постоење основано сомнение за сторени вкупно четиринаесет кривични дела – кражба и тешка кражба.

Малолетници краделе скутери во Битола

Од полицијата велат дека пријавените во 14 наврати во различен групи, во периодот од 11.4 до 14.08.2017 година низ повеќе локации во Битола – централното градско подрачје, населба Нова Битола, на влезот во Битола, од пред куќи, визби, влезови на згради, одземале разни марки мотоцикли – скутери: „јијинг“, „априлија СР50“, „гарели“, „јамаха ЈЗ450“, велосипед марка „спешлајзд“, сопственост на граѓани од Битола.

Од битолската полиција велат дека малолетниците кражбите ги вршеле групно на начин што со употреба на алат ја отстранувале препреката, доаѓале до мотоциклите и со туркање ги одземале.

Пријавените со превземените дејствија предизвикале вкупна материјална штета од 904.000 денари.

Напишете коментар