Во центарот на Битола , пред основно училиште (фото)

И претходно можело да се забележи отпадок но ова денеска е досега нешто невидено. Ваква е денешната слика пред основно училиште во Битола а учениците и родителите оваа грда слика ќе ги дочека утре, исто и сите вработени во ова училиште.Многу често токму овдека  од контејнерите кои се веднаш до самиот главен влез на училиштето, се шири непријатна реа затоа што секој знае по нешто да си фрли овде ,нешто што не би го фрлил во својата корпа за отпадок на пример,  расипано месо, фотелји, се она што на некој веќе дома не му е потребно,доцна навечер го остава овдека- велат за Новост граѓани кои живеат во оваа улица, додаваат и дека и од соседните улици ѓубриштето го носат несовесни граѓани токму овдека .И така додека да поминат службите на Комуналец и да ги испразнат контејнерите, учениците ужинката на главниот одмор јадејќи ја во кругот на училишниот двор, се приморани да го дишат сето ова. Веројатно до сега ниту училиштето побарало за овој проблем решение па ниту  жителите на улицата а ниту пак родители на ученици кои овдека учат.

Фотографија на Nikola Anastasov.

Напишете коментар