Склучени и разведени бракови во Република Македонија во 2016 година – дефинитивни податоци

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2016 година, во
споредба со претходната година, е намален за 7.0% и изнесува 13 199 склучени бракови.
Најмногу бракови, 1 721 или 13.0%, се склучени во август, а најмалку бракови, 637 или 4.8%, се склучени во
април.
Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.5% за жените и 91.2% за мажите.
Во втор брак, со учество од 8.1%, и трет брак, со учество од 0.7% во вкупниот број на склучени бракови, почесто
стапуваат мажите.
Во 2016 година, во најголем број од склучените бракови жените биле на возраст од 20 до 24 години со учество
од 33.7%, а мажите во старосната група од 25 до 29 години со учество од 37.1%.
Просечната возраст при склучување на прв брак е 26.5 години за невестата и 29.3 години за младоженецот.
Бројот на разводи во 2016 година бележи намалување од 9.8% во споредба со 2015 година и изнесува 1 985
разведени бракови.
Најмалку бракови, 39 или 2.0%, во текот на годината се разведени во јуни, а најмногу во март, 245 или
12.3%.
Според возраста на сопругата, најголем број на разводи се случиле во старосната група од 25 до 29 години,
со учество од 18.6%, a според возраста на сопругот, во старосната група од 35 до 39 години, со учество од
18.0%.

Резултат со слика за бракови и разводи

 

 

Напишете коментар