Утре нова цена на горивата во Македонија

Share Button

Ново, благо покачување на цената на горивата можеме да очекуваме со новата корекција на Регулаторната комисија за енергетика, закажана за во понеделник.

Според последните ценовни движења, барел сурова нафта на берзата во Лондон се продава за над 58,3 долари за еден барел, што е над просекот од последната корекција на малопродажните цени, извршена од регулаторот.
Пред една недела, просечната цена на нафтата била околу 56 долари за барел, што беше намалување во однос на претходниот период, па Регулаторна за половина денар ги намали цените на дизелот и 95 октанскиот ЕУРОСУПЕР, додека 98 октанскиот остана по стара цена, а мазутот поскапи.

Ако продолжи трендот на зголемување на цената на светските берзи, за очекување е идниот понеделник малопродажните цени да се зголемат за околу 1 денар по литар.

Инаку, со последната одлука на РКЕ донесена пред две недели, малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалија за 0,50 денари по литар, со што цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,00 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 51,00 ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) чини 39,50 денари за литар.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 остана 65,00 денари за литар.

уредник

Related Posts

Иванов одговори на заканите од Заев: Мојот став во однос на штетниот договор за името е конечен и останува непроменет и покрај сите закани и притисоци

Коментарите се исклучени на Иванов одговори на заканите од Заев: Мојот став во однос на штетниот договор за името е конечен и останува непроменет и покрај сите закани и притисоци

ВМРО – ДПМНЕ: Дојде животот за братот на Градоначалничката на Битола

Коментарите се исклучени на ВМРО – ДПМНЕ: Дојде животот за братот на Градоначалничката на Битола

Create Account



Log In Your Account