Лазар Котевски конечно се соочи со крај на градоначалничката кариера

Општина Новаци која е лоцирана во Мариовскиот крај по 12 година ќе добие ем нов градоначалник ем нова раководна партија. Три мандати по ред со Новаци управуваше Лазе Котевски од ВМРО-ДПМНЕ кој конечно се соочи со крај на градоначалничката кариера откако во вториот круг загуби од Љубе Кузмановски од СДМС со 977 наспроти 1183 гласови, при излезност на гласачите од солидни 72,49%.

Фотографија на Lazar Kotevski.

Со победата на Кузмановски на овие локални избори срушен е уште еден силен бастион на ВМРО-ДПМНЕ во Пелагонија што сигурно до неодамна беше практично незамисливо. Кузмановски доби силна поддршка од претседателот на СДСМ Зоран Заев, како и повеќе владини министри, особено од Љупчо Николовски со оглед на тоа што жителите на општината претежно се занимаваат со земјоделие или со етно туризам со оглед на прекрасната природа на Мариовскиот крај каде е лоцирана и спомен куќата на Калеш Анѓа.

Кузмановски ветуваше дека Новаци ќе прерасне во општина која ќе биде сервис на граѓаните, враќање на месните заедници со издвоен буџет, советување со сите за наредните активности, топлификација, инфраструктурно поврзување со околните општини, како и засилена поддршка за земјоделците.

 

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account