Пијан ги претепал сопругата и синот, завршил со тешки повреди во Ургентен

Share Button

Вистинска семејна драма се случувала вчера во домот на 57 годишниот Л.П. кој ги нападнал сопругата и синот, а потоа со тешки повреди завршил во Ургентниот центар во Скопје. Деталите за семејното насилство денес ги соопштија од полицијата.

Случајот во полиција вчера околу 10:20 часот го пријавила 50 годишната Ж.П.

-Имено додека таа била во кујната од семејната куќа, нејзиниот сопруг Л.П. (57), кој бил во видно алкохолизирана состојба и со кој била во брако-разводна постапка, физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, при што и нанел расекотини, црвенило и модринки. Исто така и нивниот син Д.П. (22) обидувајќи се да ги раздели бил нападнат од неговиот татко кој го удирал со тупаници, го фатил за врат и почнал да го дави, нанесувајќи му видливи повреди. За кратко време Л.П. повторно ја нападнал Ж.П. и при тоа ја искршил целата покуќнина од кујната и останатиот дел од куќата, информираат од МВР.

Околу 12:30 часот од Ургентниот Центар во Скопје пријавено било дека Л.П. има убодна рана од остар предмет во пределот на грбот над бубрезите, односно констатирани му биле тешки телесни повреди (повреда на пршлен, прободена слезина и прободен бубрег).

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

уредник

Related Posts

Исчезна штитеничка од Домот „Ранка Милановиќ“ и 19-годишно момче од Волково

Коментарите се исклучени на Исчезна штитеничка од Домот „Ранка Милановиќ“ и 19-годишно момче од Волково

Притвор за лицето што ја терало штитеничката од „25 Мај“ да дава сексуални услуги за пари

Коментарите се исклучени на Притвор за лицето што ја терало штитеничката од „25 Мај“ да дава сексуални услуги за пари

Битолчанка пронајдена мртва со изгореници по телото

Коментарите се исклучени на Битолчанка пронајдена мртва со изгореници по телото

Во Охридско езеро кај Љубаништа пронајдено безживотно женско тело

Коментарите се исклучени на Во Охридско езеро кај Љубаништа пронајдено безживотно женско тело

Скопјанка се обидела да се самоубие со солна киселина

Коментарите се исклучени на Скопјанка се обидела да се самоубие со солна киселина

Битолчанец го фрлил кокаинот и бегал од полицајците на плажа во Охрид

Коментарите се исклучени на Битолчанец го фрлил кокаинот и бегал од полицајците на плажа во Охрид

На Меџитлија со 38кг марихуана притворени тројца Албанци

Коментарите се исклучени на На Меџитлија со 38кг марихуана притворени тројца Албанци

Create Account



Log In Your Account