Тешка сообраќајка помеѓу прилепски автобус и автомобил кај Македонски Брод: Маж се бори за живот на скопските клиники

Share Button

На патот Македонски Брод – Кичево вчера утрото се случило сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и автобус, пренесува порталот Прес24

Од полиција соопштиле дека околу 08 часот и 30 минути на регионалниот пат Македонски Брод–Кичево, на место викано „Ижички Анови“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Волксваген Каравеле“ со кичевски регистарски ознаки управувано од 49- годишниот С.З од Кичево, и автобус „Сетра С315“ со прилепски регистарски ознаки управуван од 53- годишниот Р.Д од село Дебреште, прилепско.

По незгодата, С.З. со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Јавна здравствена установа Македонски Брод од каде е препратен во Јавна здравствена установа Прилеп каде што му се констатирани тешки телесни повреди (скршеница на двете нозе, десна рака и граден кош), и поради сериозноста на истите е препратен во Ургентен центар Скопје на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Македонски Брод.

уредник

Related Posts

Кривични пријави за кражби во продавници за оружје

Коментарите се исклучени на Кривични пријави за кражби во продавници за оружје

Истрели од огнено оружје во Чаир, полицијата е веќе таму на увид

Коментарите се исклучени на Истрели од огнено оружје во Чаир, полицијата е веќе таму на увид

Create Account



Log In Your Account