Осветување на монашки конаци во манастирот Св. Никола – Мариово

Share Button

На 28.10.2017 г., во манастирот посветен на Св. Николај Мирликиски Чудотворец во Мариово се изврши осветување на монашките конаци. Осветувањето го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Епископот Хераклејски г. Климент, високопреподобниот архимандрит Никола (Трајковски) и протоереј-ставрофор Никола (Грамбозов). 

На осветувањето присуствуваа и преподобниот игумен Агатон,  министерот-советник на Руската амбасада во Македонија г-дин Константин Берсењев, деканот на Православниот Богословски Факултет во Скопје проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски и други ценети гости и пријатели на манастирот.

„Господи Исусе Христе, Агнецу Божји, Ти Кој гревот од целиот свет врз Себе го зеде; со восходот Твој на Голготската Гора Си нè искупил од проклетството по Законот, и Си го обновил во нас паднатиот Твој образ; на Крстот Си ги прострел пречистите раце Твои за растурените чеда Божји да ги собереш во едно, и со испраќањето на Пресветиот Дух сите да ги повикаш во соединение. Зашто Ти Си светлост на Отецот, Кој пред исходот Свој на ова велико свето искупително свештенодејствие Си се молел на Твојот Отец сите едно да бидеме, како што Си Ти едно со Отецот и Светиот Дух. Дај ни благодат и мудрост да ја исполнуваме оваа заповед секој ден, и укрепи нè во подвигот на љубовта за којашто Си ни повелал велејќи: „Да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив”. Со Светиот Твој Дух дај ни да се смируваме еден пред друг, не заборавајќи дека оној што најмногу љуби најмногу и се смирува. Научи нè да се молиме еден за друг, тежината еден на друг во трпение да ја носиме и соедини нè во собор на неразрушлива љубов, во едно стадо послушни овци околу возљубениот наш духовен отец, дарувајќи ни во сестрите и братјата наши да го гледаме образот на Твојата неизглаголива слава, и никогаш да не заборавиме дека братот наш е нашиот живот.

Да, Господи, Ти Кој нè собра по Твоето  благоволение од краиштата на земјата, направи да бидеме навистина едно семејство што живее со едно срце, со една волја, со една љубов, како еден човек, по предвечната Твоја промисла за првородениот Адам. Утврди го ова свето место што Твојата десница го создаде, и осени го со покровот на Твојата Пречиста Мајка, со Твојот Предвесник и Крстител Јован, со преподобниот отец наш Силуан Атонски и сите Светии. Благословувај ги и застапувај ги сите што тука живеат, чувајќи нè од погубни помисли, од недолични зборови или гнев срдечен, што можат да го урнат свештеното дело на нашата служба. За да се издига нашата Обител врз каменот на Твоите Евангелски повеленија, во место на исцеление, осветување и спасение, заради нас самите и заради оние што притекнуваат тука, братјата и сестрите наши оскрбени и обременети. За да се обратиме сите во покој кон Тебе, кроткиот и смирениот наш Цар, и сега и секогаш и во сите векови. Амин!“

(Молитва за соборна љубов на старец Софрониј Сахаров)

уредник

Related Posts

Утре се празнува Преподобен Гаврил Лесновски

Коментарите се исклучени на Утре се празнува Преподобен Гаврил Лесновски

Денеска се празнува Светиот маченик Талалеј

Коментарите се исклучени на Денеска се празнува Светиот маченик Талалеј

(фото)Црква Свети Пантелејмон во Битола

Коментарите се исклучени на (фото)Црква Свети Пантелејмон во Битола

Create Account



Log In Your Account