Денеска претежно сончево, со наоблачување попладне

Утрово во Македонија се регистрирани многу ниски температури, од -7 Целзиусови степени во Берово, -4 степени во Скопје, а во Гевгелија се регистрирани -1 Целзиусов степен.  Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Демиркаписко има појава на намалена видливост.

esen skopje gradski park

Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Кон крајот на денот ќе има извесно зголемување на облачноста. Дневните температури ќе бидат значително повисоки од утринските и ќе се движат во распонот од 12 до 19 Целзиусови степени. Во Скопје температура до Целзиусови 16 степени.

Утре ќе има зголемена облачност преку целиот ден, а во вечерните часови ќе има слаб локален дожд, особено на северозападот од земјава. За време на деновите од викендот ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со температури во рамки на просекот за овој период од годината. В сабота ќе дува умерен северен ветер, гласи прогнозата на УХМР.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account