Наредил петарди како бомбаш-самоубиец: Детали од инцидентот пред судот за време на процесот за Диво Насеље

Share Button

Денеска околу 13:30 часот беше уапсено лице кое се нафрли врз полицајците од обезбедувањето, а подоцна било забележано дека тој носел нешто што наликувало на појас со експлозив.

Наредил петарди како бомбаш-самоубиец: Детали од инцидентот пред судот за време на процесот за Диво Насеље

Станува збор за 57-годишен жител на Арачиново. Полицајците бргу го совладаа со што утврдиле дека појасот кој го носел бил направен како експлозивен, но во него немало прачки експлозив туку големи петарди поврзани со жица, покажала проверката на полицијата.

57-годишниот маж најпрвин се шетал околу Врховниот суд, дофрлајќи им на снимателите од новинарските екипи да си заминат. Тој цело време ја држел десната рака во џеб и така се втурнал кон полицајците. Еден од полицајците успеал да му ја извади раката од џеб и да забележи дека тој држи мобилен телефон, по што веднаш му го одзел и го фрлил во најблиската жардињера. Лицето било успешно совладано и однесено во полициско комбе.

По инцидентот е утврден идентитетот на лажниот бомбаш. На лице место присуствувале и високи полициски функционери.

уредник

Related Posts

МВР ги информира јавноста и возачите за законските измени за управување со моторни возила

Коментарите се исклучени на МВР ги информира јавноста и возачите за законските измени за управување со моторни возила

Од 13:45 часот сообраќајот на патниот правец Прилеп-Битола е нормализиран

Коментарите се исклучени на Од 13:45 часот сообраќајот на патниот правец Прилеп-Битола е нормализиран

Временска прогноза:До четврток претежно облачно и посвежо време со врнежи од дожд и ретки грмежи

Коментарите се исклучени на Временска прогноза:До четврток претежно облачно и посвежо време со врнежи од дожд и ретки грмежи

Create Account



Log In Your Account