Пресуда за „Дива населба“, ќе се пренасочува сообраќајот

Пресуда за „Дива населба“, ќе се пренасочува сообраќајот

Share Button

Скопскиот Кривичен суд денеска треба да ја соопшти пресудата за настаните во кумановската Дива населба во мај 2015 година во кои
загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили. Пресудата за овој случај требаше да биде донесена на 17 октомври, но беше одложена поради локалните избори на барање на МВР.

Пресуда за „Дива населба“, ќе се пренасочува сообраќајот

Обвинителството побара доживотен затвор за сите 37 обвинети за тероризам и терористичка организација. Адвокатите на обвинетите, пак, бараат ослободителни пресуди, бидејќи според нив има недостаток на докази за стореното кривично дело.

На 9 и на 10 мај 2015 година, во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

МВР соопшти дека поради одржување на судското рочиште за „Дива населба“ сообраќајот околу зградата на Основниот суд Скопје повремено ќе биде пренасочен.

уредник

Related Posts

Порака до Путин: Смотани сме, ама со к’смет!

Коментарите се исклучени на Порака до Путин: Смотани сме, ама со к’смет!

Помодре водата во градска река во Прилеп

Коментарите се исклучени на Помодре водата во градска река во Прилеп

Create Account



Log In Your Account