Седум доживотни казни затвор за Диво Насеље

Терористи кои создале терористичка организација, скопскиот кривичен суд осуди 33 обвинети дека директно учествувале во нападот на Кумaново и на караулата Гошинце во 2015.

Ние не сме терористи, ние сме УЧК, терористите се тие што влега во Собрание, пратениците. Скандирање да живее Америка, многу викотници на почетокот од јавната седница за Диво насеље. Шефќет Калачи го дочека судечкиот совет гол по гаќи. Тоа беше и причината само 4 ца од обвинетите да ја слушнат пресудата, на кривичниот суд. Останатите бараа да ја напуштат судската сала.
7 обвинети заработија доживотна затворска казна, 13 судот ги казни на затвор од по 40 години. За 6 обвинети казната е по 20 години затвор, а за 7 мина казните затвор се под 20 години, односно 18 години, 17, 14,13 и 12 години.
Обвинетите ќе треба парично да ги наодместат трошоците за судењата и ќе треа да платат 200.000 евра на МВР кој го обезбедувше нивниот транспорт. Во нападот на Кумановкста населба во Диво насење, терористите убија 8 специјалци на МВР. Како директни учесници во нападот на Куманово и караулата Гошинце беа обвинети 29 лица, а останатите обвинети беа обвинети дека им биле логистика на терористите.
Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account