Барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски ќе биде испратено деновиве

Барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски ќе биде испратено деновиве

Share Button

Барањето за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошкоски ќе биде официјално потпишано и испратено до грчките власти во следните денови, изјави министерот за правда Билен Саљији.


Тој потврди дека пред два дена Кривичниот суд ја комплетирал потребната документација за екстрадиција и ја доставил до Министерството за правда на понатамошно постапување.
Екс разузнавачите Грујевски и Бошкоски се во екстрадициски притвор во Солун повеќе од две недели, откако на 18 октомври беа уапсени на аеродром во Солун со лажни бугарски пасоши. Тие беа два пати изведени пред судот во Солун , но судењето се одложи бидејќи не бил обезбеден преведувач од грчки на македонски јазик.

Следното е закажано за 1 декември.

Грујевски и Бошкоски се обвинети од СЈО во предметите „Таргет“ и “Тврдина“ за незаконкото прислушување и уништување на опремата за следење на комуникациите.

уредник

Related Posts

Во Битола се “погреба, Северна Македонија”

Коментарите се исклучени на Во Битола се “погреба, Северна Македонија”

Левица со Првомајски протест под мотото: „Време е да го подигнеме гласот за сопствените права!“

Коментарите се исклучени на Левица со Првомајски протест под мотото: „Време е да го подигнеме гласот за сопствените права!“

Петиција против законот за јазици

Коментарите се исклучени на Петиција против законот за јазици

Фото галерија од протестниот марш во Битола

Коментарите се исклучени на Фото галерија од протестниот марш во Битола

Create Account



Log In Your Account