Мажот уапсен пред Врховен суд бил автор и на заканувачко писмо

57-годишниот Е.И. од скопско Арачиново кој во четвртокот беше уапсен во близина на Врховниот суд во текот на изрекување на пресудите во случајот „Диво Насеље“ во блискиот Основен суд Скооје 1 Скопје, бил автор и на писмо со заканувачка содржина, информираат во петокот од Министерството за внатрешни работи.

По извршеното вештачење во МВР утврдено е дека прачките кои беа пронајдени кај него, а коишто наликуваат на експлозивна направа, всушност се пиротехнички средства – петарди.

Во врска со заканувачкото писмо, од МВР информираат дека утврдено е дека тој е авторот со графолошко вештачење.

По целосно документирање на случајот, против Е.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Напишете коментар