Зошто оној кому сме му помогнале сака да нè повреди?

Share Button

Се сеќавам на нешто што ни го зборуваше старец Порфириј. Тој сакаше да ми објасни како е можно да му се помогне на човека, а потоа истиот тој човек кому му е помогнато не само да се расрди и да не му помогне, туку за возврат да му наштети на оној којшто му помогнал. Старецот велеше: „Тоа е нешто што е природно.“

Го прашав: „Природно?“ „Да, мил мој. Тоа е природен одговор затоа што, сè додека ти живееш таа личност на која си ѝ помогнал помни дека ти е должна, и затоа мора да расчисти со тебе, за чувството на должност да престане.“

Ми даде пример за некој човек кој му должел пари во времето кога старец Порфириј плетел џемпери за некоја продавница.Ми ја раскажа целата приказна. Тој човек потоа се обидел да му наштети за да се ослободи од него.

Старецот велеше дека „сè додека таа личност те гледа, се сеќава на својот долг кон тебе, а тоа сеќавање му создава неудобност. Оттука, тој бара начин да се ослободи од тебе. Затоа, кога правиме добро некому, тоа треба да го правиме без негово знаење.

На овој начин, тој нема да се чувствува задолжен.

И така, не знаејќи од каде му дошла помошта, тој нема да може да го сврти доброто дело против вас, во нешто лошо, да речеме“.

Резултат со слика за дволичност

Извадок од „Покрај старец Порфириј“

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account