НАЈНОВО :

Полициски службеник осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања

Share Button

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против Ж.И. (вработен во Секторот за внатрешни работи Скопје, како главен инспектор) поради постоење на основани сомненија дека со искористувањето на своите службени овластувања сторил кривично дело – “злоупотреба на службената положба и овластувања“ казниво по член 353 од КЗ на РМ.

Имено, пријавениот се сомничи дека искористувајќи ја својата службена позиција во тек на вршење на работна задача – увид во случај на тешка кражба во куќа – со намера да прибави за себе противправна имотна корист, неовластено одзел златен накит со што го извршил посоченото кривично дело.

По налог на ОЈО Скопје лицето е лишено од слобода и е предадено на надлежен ЈО за понатамошна постапка. Од страна на МВР против Ж.И. е поведена дисциплинска постапка и тој е суспендиран од работното место -известуваат од МВР

 

уредник

Related Posts

Во Скопје: Мајка и ќерка претепани на улица

Коментарите се исклучени на Во Скопје: Мајка и ќерка претепани на улица

Битолчанец ја пријавил ќерката за исчезната , ја пронашол но се сомнева дека врз неа било извршено полово дејствие

Коментарите се исклучени на Битолчанец ја пријавил ќерката за исчезната , ја пронашол но се сомнева дека врз неа било извршено полово дејствие

Create Account



Log In Your Account