Расте загаденоста на воздухот – Проблем за лицата со хронични болести

Ова е Хазбије. Веќе пет години има проблеми со респираторниот систем. Во моментов таа е хоспитализирана на одделението за пулмологија. Најмногу проблеми има во периодот есен-зима, кога нивото на загадување се покачува.

„Имате проблеми со дишењето. Не можете да вдишете доволно воздух. Воздухот е загаден“, раскажува Хазбије.

За ТВ21, Хазбие кажува колку тешко е да се живее со астма во место со загаден воздух.

Како Хазбије, има голем број други лица кои имаат проблеми со респираторниот систем. Според лекарите, состојбата на овие лица се влошува поради зголемувањето на загаденоста на воздухот.

„Кај хронично болните пациенти, кои имаат астма и хроничен бронхитис, имаме влошување на состојбата, кашлање, и тешкотии при дишењето“, вели Исмаили Ирфан.

Пулмологот Ирфан Исмаили вели дека со доаѓањето на есента, се зголемува и бројот на пациенти.

„Во текот на оваа сезона имаме покачување на загаденоста на воздухот, како последица на запаливите супстанци кои се употребуваат во домаќинствата, но и автомобилите на улиците. Исто така во текот на оваа сезона имаме и повеќе вируси кои го напаѓаат респираторниот систем. Чадот исто така претставува проблем“, додава Исмаили.

Резултат со слика за загаден воздух

Дека загаденоста се зголемува во есен и зима, потврдува и статистиката за квалитетот на воздухот, објавени од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Доколку се спореди квалитетот на воздухот во неколку општини на Скопје, се гледа дека со доаѓањето на есента, се зголемува и количината на ПМ 10 честички.

Елмедина Абдулаи од движењето „Мајка и дете“ вели дека мора да се преземе нешто бидејќи загадениот воздух се повеќе влијае врз здравјето на децата.

„Целта на формирањето на нашата организација беше токму тоа што загадениот воздух на директен начин влијае врз здравјето на децата. Земајќи го во предвид тоа што ние не чекаме се од страна на државата, бидејќи тоа не е возможно, не функционира како што треба, покренавме иницијатива за организација на неколку активности со што сакаме да ги освестиме и другите мајки за овој проблем“, вели Абдулаи.

Речиси сите кандидати за градоначалници во своите програми имаа ветувања за почист воздух и здрава животна средина. Засега ниту еден од нив, не почнал конкретен проект за овој проблем.

ТВ 21

Напишете коментар