Се најавува масовен протест пред Кривичен суд за пресудите за Диво Насеље

Share Button

За утре, недела, пред Кривичен суд се најавуваат протести на коишто ќе биде изразено незадоволство од пресудата изречена во случајот „Диво Насеље“.

„Некои невладини организации од граѓанската иницијатива организираат протест против казните со кои судот во Скопје ги осуди осудените лица во случајот „Диво Насеље“ во Куманово. Протестите ќе започнат во недела, со почеток во 13 часот“, објави албанскиот портал Телеграф.

Протестите ќе започнат од плоштадот Скендербег и ќе бидат завршени пред Основниот суд Скопје 1.

извор ТВ 21

Напишете коментар