Протестот во Скопје против пресудите за „Дива населба“ заврши

Share Button

Заврши протестот во Скопје против пресудите за обвинетите во случајот „Дива населба“. Протестот беше мирен, поддржан од семејствата на обвинетите кои на плоштадот „Скендербег“ се обратија пред помала група на поддржувачи.

Од плоштадот Скендербег“ протестот продолжи пред Кривичниот суд каде заврши. Иако првично беше најавено, учесниците на протестот не се упатија кон Собранието на Република Македонија.

Организаторите бараат меѓународна истрага и ревизија на случајот кој, според нив, е уште една неправда кон Албанците во Македонија. Покрај за Диво Насеље се бара правда и за други осудени Албанци за случаите Монструм, Бродец и други.

По завршување на протестот сообраќајот е нормализиран. За време на протестот забележително беше зголемено присуство на полицијата, а сообраќајот во централното градско подрачје во Скопје ќе биде пренасочен.

Напишете коментар