Триесет и четиригодишен маж од Ресен со истрел во главата си го одзел животот

Share Button

Во возило на паркинг, пронајдено е тело на 34-годишен маж со прострелна рана во главата, кој според полицијата, најверојатно извршил самоубиство.

Триесет и четиригодишен маж со истрел во главата си го одзел животот

Од МВР соопштија дека вчера околу 7 часот на патниот правец Ресен-Битола, на паркинг во близина на техничкиот преглед на излез од градот, во возило „Поло“ починат бил пронајден М.П.(34) од Ресен со прострелна рана во пределот на главата. Во внатрешноста на возилото бил пронајден пиштол марка „ХС“ калибар 9мм.

Смртта е констатирана од Итната медицинска помош и извршен е увид од екипа на Секторот за внатрешни работи Битола, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account