24 сторија: Живот без струја, вода и храна

о дебрчко Ново Село без струја и вода, во речиси руинирана куќа без храна и со 1500 денари социјална помош во тешки маки поминува животот на  61 годишната Менка Шибакоска.

Поврзана слика

Сама заборавена од најблиските роднини и пријатели живее на милоста на неколкуте комшии во селото кои знаат да и подадат парче леб, но поголем дел од деновите ги поминува во глад. Сепак најголем проблем и е струјата која поради неплатен долг и ја исклучиле пред два месеци. Оттогаш живее во темница, нема ни свеќи затоа што нема пари да ги купи.

„Немам пари да платам, затоа не ми ја исклучија струјата, еве веќе два месеца. Живеа во темница, немам пари ни свеќи да купам. Повеќе гладна сум, на два три дена, јадам“, вели Менка Шибакоска.

Како што наближува зимата, стравот кај Менка станува се поголем од причина што откако ќе падне снег селото во кое има едвај 10-ина жители е целосно парализирано, а без храна струја и вода не знае како ќе може да преживее. Затоа испраќа апел до хуманите граѓани и новиот градоначалник да и помогнат барем да и се приклучи струја за да може колку толку да функционира нормално.

„Ве молам помогнете ми, ако има добри луѓе да ми помогнат да ми се приклучи струјата и за храна. Само струјата да ми се пушти, ако треба ќе гладувам, со години веќе гладувам“, вели Шибакоска.

Тв 24 се обрати и до новата локална самоуправа во Дебрца. Оттаму ветија дека од понеделник ќе го посетат домот на Менка и ќе се обидат да  го решат проблемот.  Инаку Шибакоска и претходно неколкупати се обраќала до надлежните органи и барала помош, но секогаш наидувала на затворени врати.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account