Зоран Стефановски ноќеска загина во сообраќајка

Share Button

Загина Зоран Стефановски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија, во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска околу еден часот по полноќ во Скопје.

До несреќата дошло кога Стефановски со својот автомобил „рено меган” движејќи се по булеварот „Никола Карев“ излетал од патот и удрил во рекламен билборд, по што веднаш бил пренесен во ГОБ „Свети Наум Охридски”, каде била констатирана смрт, пренесува „Вечер“.

Извршен е увид на местото на несреќата.

Напишете коментар