Обвинет во „Транспортер“ бара одлагање на судењето зашто имал турнеја во Австралија

Share Button

Еден од обвинетите во случајот „Транспортер“ Џими Мицевски побара одложување на следното рочиште кое судијката го закажа за 13 декември затоа што имал турнеја во Австралија.

Тој денеска во судницата рече дека доколку не отиде на турнејата ќе треба да плати 50 илјади долари.

„Цела група ќе ја запустам. Ве молам да се раздвои постапката, зашто ќе сносам огромни трошоци“, рече Мицевски, кој е фронтмен на групата „Молика“.

Според СЈО, обвинетиот повеќе од 1 година знае дека е обвинет. Обвинителот Љубомир Лапе рече дека обвинетиот е запознаен со правните последици од неговото неприсуство во постапката. Тој рече дека на други обвинети во предметот им се одземени пасошите и дека секое следно одложување би значело кршење на нивните права.

Бранителот на обвинетиот Џими Мицевски, пак, рече дека уште во истрагата тој го известил СЈО дека ќе има турнеи и концерти.

Претходно, судијката Лидија Петровска ја одложи денешната расправа поради боледување на една од обвинетите.

Судијката рече дека поради истата причина судењето се одложува вторпат и за да не се случи истото и во иднина ја отвори можноста за издвојување на постапките.

Судот констатираше дека обвинетиот Слободан Бончановски доставил листа на докази.

Следното рочиште е закажано за 13 декември. Во случајот „Транспортер“ се осомничени поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

 

уредник

Related Posts

Кадровски промени: Заев ќе прави пролетна генералка

Коментарите се исклучени на Кадровски промени: Заев ќе прави пролетна генералка

ШАНЕЛ ГО СТРЕСЕ ШИРОК СОКАК СО МАНЕКЕНКИТЕ И МАНЕКЕНИТЕ(фотогалерија)

Коментарите се исклучени на ШАНЕЛ ГО СТРЕСЕ ШИРОК СОКАК СО МАНЕКЕНКИТЕ И МАНЕКЕНИТЕ(фотогалерија)

Собраниските комисии на кои ќе се разгледува Договорот со Грција закажани за 15 часот

Коментарите се исклучени на Собраниските комисии на кои ќе се разгледува Договорот со Грција закажани за 15 часот

Со завршната сметка гледаме дека Наташа Петровска лажеше за висината на долгот, Битола не должи 13.5, туку 3.5 милиони евра

Коментарите се исклучени на Со завршната сметка гледаме дека Наташа Петровска лажеше за висината на долгот, Битола не должи 13.5, туку 3.5 милиони евра

Create Account



Log In Your Account