Ивона го изиграла газдата на Вечер. Му го зела он-лајн изданието на весникот

Share Button

Ако ја отворите веб-страницата на весникот „Вечер“, или барем онаа која читателите ја знаеја до пред извесно време, vecer.mk, ќе забележите дека освен содржините, променет е и импресумот. Електронската адреса е на Gmail, а единствено лице впишано во импресумот е Ивона Талевска.

Андревски кој е директор на весникот, бил принуден да отвори нова веб-страница, vecer.press, со најстарото лого на весникот.
Фејсбук страницата има само 19 илјади фанови, во споредба со 120 илјади на страната на Вечер.мк, а во импресумот се набројани сите новинари, уредници и технички лица вработени во весникот. Па така, сега веб-порталот Вечер е поделен, на Vecer.mk и Vecer.press, со таа разлика што на веб порталот од Ивона Талевска стои и она познатото „прв дознава“, додека кај порталот од весникот Вечер стои само годината на првото објавување на весникот – 1963.
„Се случија некои непожелни ситуации за кои сè уште не ни е јасно како е можно да се настанати. Ние го заштитивме логото уште во 2006 година, а истото во 2014 го сторила и Талевска. Едното е заштитено со слоган, другото без слоган. Така што домејнот ни е преземен, исто како и страницата на Фејсбук. Да се надеваме дека ќе се реши оваа ситуација“, ни изјави Бобан Андрески, додавајќи дека за случајот не покренале судски спор, иако не му е јасно како е можно исто лого да биде заштитено два пати од различни луѓе.
Сторијата на БИРН во целост прочитајте ја тука

уредник

Related Posts

Меѓаши бара кривична одговорност за лицата кои допуштиле да се случи вакво тешко кршење на правата на детето , за случајот со силуваното девојче

Коментарите се исклучени на Меѓаши бара кривична одговорност за лицата кои допуштиле да се случи вакво тешко кршење на правата на детето , за случајот со силуваното девојче

Таравари до Заев: Ахмети го спрема твојот политички погреб, не те сакаат ниту Македонците, ниту Албанците

Коментарите се исклучени на Таравари до Заев: Ахмети го спрема твојот политички погреб, не те сакаат ниту Македонците, ниту Албанците

Create Account



Log In Your Account