Во Јанушев пукал еден напаѓач, се утврдува дали се работи за нарачано убиство

Во 28-годишниот Мартин Јанушев кој беше убиен пред неколку дена во скопската населба Аеродрoм, пукал еден напаѓач, по што избегал. Мотивот, според првичните сознанија на МВР најверојатно е меѓусебно недоразбирањe. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на брифинг со новинарите ги исклучи сите сомнежи околу тоа дека убиството е политички мотивирано и додаде дека можноста дека станува збор за нарачано убиство се утврдува.

На полицијата и е познат неговиот идентитет и по него интензивно се трага,рече Спасовски, на денешниот брифинг со новинарите. Според шпекулациите во јавноста, убиецот се крие во Србија, но министерот Спасовски рече дека сомнежот е дека сепак е во државата.

Тој истакна дека според првичните сознанија, убиениот и убиецот имале лични недоразбирања.

„Постојат релеванти докази и податоци кои се многу важни за настанот и сите тие се предмет на обработка. Се работи за едно лице кое го извршило убиството. Сакам да нагласам дека нема пропусти од страна на МВР во постапувањето по убиството. Обезбедени се снимките од безбедносните камери во Скопје, како и надвор од градот. Според првичните сознанија можно е да се работи за меѓусебно недоразбирање, но сепак за сега официјално мотивот не можеме да го потврдиме додека не се комплетира случајот. Се анализираат и се вештачат сите податоци.“, рече Спасовски на брифингот со новинарите во МВР.

Министерот за внатрешни работи нагласи дека се работи и на утврдување на инволвираноста на агенцијата „Омерта“ и за настанот со убиството сослушани се 35 лица.

„Се прават проверки и на агенцијата за да се види дали има поврзаност со убиството“, истакна Спасовски, кој додаде дека се вршат сериозни проверки на сите агенции за обезбедување.

Тој додаде дека од јули до сега се извршени 12 убиства, од кои само две не се расчистени.

Убиството се случи во петокот вечерта околу 18 часот на улицата „Владимир Комаров” во скопската населба Аеродром кога Јанушев излегувајќи од зградата каде што живее беше застралан во главата со неколку куршуми.

Тој беше фудбалер на клубовите Локомотива, Маџари солидарност и 11 Октомври.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account