Живееме во време, во кое ги губиме основните и вистински вредности на животот

Share Button

Живееме во време, во кое ги губиме основните и вистински вредности на животот. Магистер веќе не е престижна титула, туку обична точка во резимето, се претворивме во робови на едно општество во кое квантитетот немилосрдно го гази квалитетот и ја уништува слободната мисла на нас младите.

Фотографија на Petar Nikolovski.

Повеќе од очигледно е дека се потребни радикални промени, особено во образовниот систем, промени кои ќе ги донесе една нова генерација на ослободени, млади интелектуалци и ентузијасти кои не сакаат да молчат и не се плашат затоа што знаат дека тие се оние кои внесуваат свежина во сегашноста и даваат надеж за иднината. За млади кои ги носат ваквите епитети е забранет молкот, стравот и поданичката политичка култура која води до уназадување на целото општество.

Единствената наша обврска пред сѐ како граѓан(к)и и воедно носители на суверенитетот на државата е обврската за залагање за унапредување и развој на нашата татковина. А јасно ни е дека без квалитетно образование нема услови за подобро утре.

Затоа ве повикувам да формираме силно студентско движење во кое ќе учествуваат сите оние кои сакаат да придонесат за подобра иднина на секој од нас, критички настроени и бунтовни студенти кои нема да се плашат да се жртвуваат за враќање на квалитетот на образованието, и приоритет ќе им бидат студентите и нивните права.

Млади кои ќе работат чесно и транспаретно, кои нема да трошат пари на измислени патувања и семинари, млади луѓе кои целата своја енергија ќе ја посветат на подобрување на нашето општество, и креирање на простор за успех тука во Македонија, а не низ Европа и Светот.

Затоа мора да ја искористиме интелектуалната свест и да креираме движење кое ќе биде дел од автономијата на универзитот.

Секој што сака да го осети чувството да се работи во полза на сопствениот народ, чувство во кое секој млад човек ќе биде среќен и исполнет, може да се вклучи во ова движење, а легитимитетот да му го даваат мнозинство на студенти запишани на универзитетот, а не само група од неколку студенти.

Петар Николовски

уредник

Related Posts

Започнаа протестите во Солун: Не прифаќаат име кое ќе го содржи терминот „Македонија“

Коментарите се исклучени на Започнаа протестите во Солун: Не прифаќаат име кое ќе го содржи терминот „Македонија“

Кадровски промени: Заев ќе прави пролетна генералка

Коментарите се исклучени на Кадровски промени: Заев ќе прави пролетна генералка

Затворениците кои ќе бидат примерни ќе одат на опера , на балет, на театар

Коментарите се исклучени на Затворениците кои ќе бидат примерни ќе одат на опера , на балет, на театар

Коѕиас:Сaми сакаат да се викаат Северна Македонија (видео)

Коментарите се исклучени на Коѕиас:Сaми сакаат да се викаат Северна Македонија (видео)

Create Account



Log In Your Account