НАЈНОВО :

Фејсбук ги моли корисниците да им испраќаат интимни фотографии

Share Button

Фејсбук се спрема да го тестира превентивниот систем за борба против осветничка порнографија во четири земји.

Сепак, за тоа им е потребна помош од корисниците кои ги замолуваат да им испраќаат свои голи фотографии по пат на Messenger.

 

Австралиската канцеларија за безбедност на интернетот објавила дека ќе се здружи со Фејсбук со цел да го доведат системот за превенција до совршенство и да го спречат оној кој што ќе проба да објави интимни фотографии без знаење на личноста која се наоѓа на фотографијата.

Тие ги замолуваат лицата кои знаат дека некој друг ги поседува нивните голи фотографии да ги испратат по пат на Messenger, а потоа канцеларијата ќе ги проследи до Фејсбук кој ќе спречи истата фотографија да биде објавена на Фејсбук и Инстаграм.

Џули Инман Гранд од Канцеларијата за безбедност на интернетот вели дека злоставувањето на жртвите кои се наоѓаат на фотографиите е најлошото искуство кое некој може да го доживее на социјалните мрежи, и дека е многу важно Фејсбук превентивно да реагира на овој проблем.

Имено, Австралија не е случајно избрана за овој експеримент – резултатите од истражувањата покажале дека секој петти корисник на мрежата во оваа земја бил жртва на осветничка порнографија.

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account